Home Актуелно Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ загуби уште еден пратеник – Хасани преминува во независен

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ загуби уште еден пратеник – Хасани преминува во независен

Јусуф Хасани, пратеник од Демократската партија на Турците, вчера во македонското Собрание соопшти дека излегува од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во иднина тој ќе продолжи да делува како независен пратеник.

Со тоа Хасани го следеше чекорот на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, и на пратеникот избран како кандидат на ГРОМ, Чедомир Саздовски, кои неодамна почнаа да делуваат како независни пратеници, надвор од коалицијата на ДПМНЕ.

На тој начин се отвора простор за зголемување на парламентарното мнозинство, кое се оддржува на стаклени нозе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…