Home Актуелно Познат судијата што ќе го суди Мијалков за „Таргет“ и „Тврдина“

Познат судијата што ќе го суди Мијалков за „Таргет“ и „Тврдина“

Судијката Ленка Давиткова, која заедно со уште двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување на службен пиштол, сега ќе им суди на обвинетите во случајот „Таргет и Тврдина“, неофицијално дознава „Фокус“.

Од Кривичниот суд истакнуваат дека не можат ниту да ја потврдат, ниту да ја демантираат информацијата, што е невообичаено, бидејќи досега не беше проблем соопштувањето на името на судечкиот судија.

Обвинението за масовното прислушување и уништувањето на опремата со која се прислушувало, минатата недела беше позитивно оценето, па сега по распоредувањето кај судечки судија ќе биде и закажан датум за првото рочиште.

Во овој случај, со обвинителен акт се гонат Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска и Никола Бошковски, а обвинителен предлог за овој случај, е поднесен против десет лица меѓу кои и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Разликата меѓу обвинителен акт и обвинителен предлог е тоа што предлозите се водат по скратена постапка и за нив се предвидени помали казни. Сепак во овој случај, заедно ќе им се суди на сите обвинети.

Мијалков со обвинителниот предлог се гони за три кривични дела и тоа за злосторничко здружување за што е предвидена казна од една до пет години, за злоупотреба на службената положба, за што е пропишана казна од шест месеци до пет години и примање награда за противзаконито влијание, кое се казнува со една до три години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…