Home Спорт Повредата на Белоти го забрзува трансферот на Несторовски

Повредата на Белоти го забрзува трансферот на Несторовски

Познато е дека Торино е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и сака да го донесе напаѓачот во зимскиот преоден рок.

Последните информации од Италија говорат дека „биковите“ сакаат што е можно побрзо да го комплетираат трансферот, а причина за тоа е повредата на Белоти.

Најдобриот напаѓач на „биковите“ се повреди на вчерашниот тренинг и сигурно ќе отсуствува од терените во наредниот месеци, па Михајловиќ сака што е можно поскоро да биде донесена замена.

Несторовски е трансфер цел број еден на Торино, а новодно и претседателот на Палермо, Зампарини е спремен да преговара.

Според некои информации трансферот би требало да изнесува 5 милиони евра плус бонуси, а можно е да се реализира во првите денови од зимскиот преоден рок.

Ова ќе значи враќање во Серија А за македонскиот репрезентативец кој минатата сезона постигна 11 гола за Палермо во италијанската елита.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…