Повеќе од 17 илјади луѓе во бело дојдоа на вечерата во Париз: За што станува збор?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илјадници луѓе во бело присуствуваа во неделата навечер пред Домот на инвалдите во Париз, по повод 30. париска Вечера во бело, големиот пикник.

На овогодишната вечера, 30. по ред, присуствуваа речиси 17.000 луѓе, многу повеќе од вообичаено, а меѓу нив имаше и околу 6000 странци кои доаѓаат во Париз токму поради вечерата, наведоа организаторите.

За овој настан кој се организира во 80 градови во светот, од Њујорк преку Монтреал до Сиднеј, полицијата не бара дозвола, бидејќи се работи за пристојни луѓе кои го сакаат редот.

Правилото наведува дека сите учесници треба да бидат во бела облека и по вечерата, која обично завршува околу полноќ, да не остават никаков отпад. Алкохолоѕ и пивото се службено забранети.

За местото на оддржување, учесниците се известени во последен момент. Доаѓаат со столчиња на склопување, садови и бели свеќи, а некои и со сребрени за да ги почитувам се повеќе правилата на послужување на храна кои важат во Франција.