Home Спорт Потврдено: Лемар е нов играч на Атлетико Мадрид

Потврдено: Лемар е нов играч на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид и Монако потврдија дека постигнале договор за трансфер на францускиот репрезентативец Томас Лемар.

22-годишниот офанзивен играч за врска одигра фантастична сезона и за него интерес покажуваа многу европски гиганти, но Атлетико ја победи конкурецијата и си осигура големо засилување за следната сезона.

Монако на последниот ден од минатогодишниот летен трансфер период одби понуда од Арсенал во вредност од 100 милиони евра за Лемар, а денес потврди дека постигнале договор со Атлетико кој ќе плати 65 милиони евра за Французинот.

Дури се тврди дека во шпанската престолнина го чуваат посебно бр.10 за играчот, кој официјално ќе биде претставен по завршувањето на Мундијалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…