Home Актуелно Посвеж, облачен и дождлив вторник

Посвеж, облачен и дождлив вторник

Времето денеска, вторник, 9. мај, ќе биде посвежо од вчера со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни во количина од над 25 л/м2 за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 8 Целзиусови степени на повисоките места, до 13 степени на југоистокот од земјата.

Максималните дневни температури ќе бидат во распон од 11 до 17 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно и посвежо време спо повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…