Постизборна пресконференција на Заев: Груевски не смее да формира влада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Груевски не може да формира влада и не смее да формира влада. Граѓаните гласаа против режимот. Волјата на граѓаните не смее да се поништи, граѓаните гласаа за промени, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

Заев им честита на граѓаните на Република Македонија за, како што рече, историската победа. Да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните за живот, наспроти режим, Граѓаните гласаа против криминалот, за промени. Овој резултат ќе биде пример за кој ќе се пишува по учебници – поразивме режим со пенкало и глас, рече Заев.

Резултатите не се конечни. Има разлика во податоците во записниците и ако тие грешки во ИЕ6 се корегираат, соодносот на добиени мандати ќе биде 50:50. Поради констатирани нерегуларности ќе поднесеме и приговори по што ќе се добие вистинската слика за бројот на добиени мандати. Треба да се почена на конечните резултати, изјави Заев.

Тој најави приговори и очекува праведни одлуки на ДИК.

Прашан кој ќе ја формира владата ако Груевски не го направи тоа, Заев одговори: ако Груевски не формира влада, се знае кој ќе формира влада.

Заев очекува сите партии што добија пратеници, освен ВМРО-ДПМНЕ, да ја почитуваат мнозински изразената волја, волја за подобар живот во Македонија.

На прашањето дали веќе имаат комуникација со ДУИ и дали би формирал влада со Ахмети, Заев одговори дека на ниво на избирачки одбори комуникација постои.