Home Актуелно Постарата ќерка осомничена за грозоморното убиство на таткото, мајката и помалата ќерка

Постарата ќерка осомничена за грозоморното убиство на таткото, мајката и помалата ќерка

Јавноста е уште во шок, а дебарци во страв по грозоморното тројно убиство кое го потресе градот, а во кое на спиење беа убиени татко, мајка и 14-годишна ќерка.

Инфо Шќип повикувајќи се на полицијата пренесува дека злосторник на шокантното трикратно убиство е поголемата ќерка на семејството Поцеста, 25-годишната Б.П. која според порталот ги убила родителите, заминала во Италија, па се вратила по тажната вест во родниот крај.

Според она што го пренесува порталот Б.П. имала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол.

Засега не се познати повеќе детали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…