Последно збогум за Драги Михајловски – професор, писател, преведувач и култен интелектуалец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Скопје, по долги години боледување, на 71 годишна возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува македонски Шекспир.

Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал англиски јазик и книжевност на Фололошкиот факултет во Скопје, м агистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје, “Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската поезија“). Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде и се пензионира, како редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето.

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година, на ПЕН на Македонија од 1992 година, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД, од 1998 година. Бил уредник на книжевните списанија Lettre Internationale, Стожер, Стремеж, член на Сенатот на УКИМ – Скопје, а две години (2007-2008) бил и претседател на Комисијата за издавачка дејност во Министерството за култура.