Последниот јануарски ден носи сончев период


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последниот ден за јануари во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност и со умeрен ветер претежно од југоисточен и западен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрод 7, Битола 10, Крива Паланка 11, Берово 14, Кавадарци 15, Дојран 16 степени.

Прогнозат и за утре е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер и дневни температури од 8 до 13 степени.

Следува период на сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер и дневни температури од 10 до 18 степени.