Home Актуелно Последен ден од календарската 2018 година – вечер ја дочекуваме 2019

Последен ден од календарската 2018 година – вечер ја дочекуваме 2019

Кој во семејна атмосфера, кој на плоштад, кој во кафуле или ресторан, кој во ски ресорти, за жал стотици илјади и под оружена закана и во полувоена или воена состојба и услови – човештвото на планетата Земја денес го одбројува последниот ден од календарската 2018 година и ја дочекува 2019 година.

Аки Рахимовски и „Парни валјак“, неколку македонски пејачи, диџеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.

Традиционално на плоштадот најмладите ќе го дочекаат Дедо Мраз во 13 часот. Претходно во рамки на програмата ќе биде изведена претставата „Волкот низ приказните“ и дружење со Волд Дизни маскоти.

Град Скопје е организатор, а Македонски телеком главен покровител на пречекот на Новата 2019 година.

На плоштадот „Македонија“ се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба „Винтерленд“, каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалаци. Во изминатите 14 дена секојдневно имаше различни активности за забава и рекреација на граѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе присуствува на новогодишната прослава на плоштадот

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…