Home Спорт После судискиот превид и контроверзната одлука во Торино – Серија А воведува ново правило

После судискиот превид и контроверзната одлука во Торино – Серија А воведува ново правило

Претходно ФИФА најави дека полуавтоматскиот офсајд ќе се користи на Светското првенство Катар, а веќе „дебитираше“ и во Лигата на шампионите на мечот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен.

Дел од фановите не се задоволни, но факт е дека модернизацијата и подобрувањето на ВАР е иднината на фудбалот. За тоа доказ се последните вести од Италија.

Серија А планира да го забрза процесот на воведување полуавтоматски офсајд и оваа технологија Италијанците би можеле да ја воведат пред почетокот на Светското првенство. Идејата за забрзување доаѓа после големиот превид на натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана.

„Газета“ објави дека ситуацијата од Торино ги натерала водечките луѓе во Серија А побрзо да го имплементираат овој систем и планот е сè да биде завршено до октомври.

Целта е да се намали времетраењето на ВАР проверката од 70 на 25 секунди, но веројатно ќе биде и поефективен и поточен. Тој функциониора со сензор во топка која испраќа 500 податоци во секунда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…