Поради закани, судијката која му пресуди затвор на Груевски под 24-часовна полициска заштита


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судијката која му досуди две години затворска казна на бившиот премиер Никола Груески, Добрила Кацарска, доби 24 часовна полициска заштита поради бројни закани по нејзиниот живот. Покрај за Кацарска, специјалци се ангажирани за заштита и на неколкумина други судии кои судат некои од случаите на СЈО, дознава ТВ 24.

Кацарска го води случајот „Тенк“ и со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која пред три дена побара комисија од гинеколошката клиника да утврди во каква состојба е нејзината бременоста. Судијката Кацарска ја донесе првата пресуда од 9 години затвор за екс помошник министерот за внатрешни Ѓоко Поповски.