Home Актуелно Попустите и понудите на македонски компании на „Групер“ достапни за користење на домашната платежна картичка

Попустите и понудите на македонски компании на „Групер“ достапни за користење на домашната платежна картичка

Домашната платежна картичка од кампањата на владата Купувам Домашно може да се користи и за сите понуди и попусти на сајтот за онлајн купување, Grouper.mk, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај здлеки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Grouper Shopping Mall, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер Купуваm Домашно каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку Grouper мобилната апликација. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со било која друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15ти август.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…