Home Актуелно Попушта летото: Еве какво време ќе имаме овој вторник

Попушта летото: Еве какво време ќе имаме овој вторник

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува повременo засилен претежно северен ветер пред се вдолж Повардарието и кон исток. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 26 степени.

Од среда следува период на претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст така што во деновите од викендот ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…