Home Актуелно Понеделник носи жешко време

Понеделник носи жешко време

Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови. Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…