Home Актуелно Понеделник носи студено време и снег

Понеделник носи студено време и снег

Денес, понеделник, во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд.

Минималната температура ќе се движи од -9 до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од -2 до седум степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -6 до 1 степен.

Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…