Понеделничка временска прогноза


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денешниот октомвриски понеделник во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, од утре до крајот на работната недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните ќе бидат во опаѓање.