Home Актуелно Министерството за економија ќе ја разгледува можноста за укинување на зимското и летното сметање на времето

Министерството за економија ќе ја разгледува можноста за укинување на зимското и летното сметање на времето

Владата го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Летното сметање на времето треба да заврши на 30 октомври, кога стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, односно во 3 часот по полноќ ќе се смета дека е 2 часот.

Инаку, долги години трае дебатата дали е добро да се напушти светската практика на зимско и летно сметање на времето, како од економски аспект, така и од аспект на здравјето на луѓето.

Дигиталните современи уреди, како мобилни телефони, компјутери и други уреди автоматски го менуваат времето, додека на аналогните времето треба да се кориегира рачно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…