Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот септемвриски понеделник во Македонија претпладне носи променливо облачно време со локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 Целзиусови степени. Маврово 21, Охрид 25, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 26.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец и температури од 22 до 28 степени.