Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 23. мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 25, Битола 26, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…