Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 22. ноември, времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат во пладневните часови во западните делови, а поизразени ќе бидат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, 13, Битола 14, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен попладне, а дневните температури ќе достигнат од 11 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…