Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Денешниот 18-ти октомвриски ден во Македонија носи променливо облачно и потопло време со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени, Маврово 12, Охрид 16, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 21.
Утре наутро ќе има појава на магла по одделни котлини, а преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.