Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денес, понеделник, 15 март, времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо, со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Од пладне ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Дневната температура ќе биде од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…