Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Овој последен мајски понеделник во Македонија носи генерално сончево време, со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, со позасилен интензитет долж Повардарието. Дневната максимална тампература ќе се движи од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови има помали услови за локален краткотраен дожд.

Во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на релативно влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува почести врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…