Home Актуелно Полицаец од Струмица рани две малолетни лица во самоодбрана

Полицаец од Струмица рани две малолетни лица во самоодбрана

Малолетно момче од Радовиш е тешко повредено и е префрлено на клиниките во Скопје, откако попладнево во него пукал полицаец со службен пиштол, како што тврдел, во самоодбрана. Друго момче е повредено во нога.

Инцидентот се случил кај градската капела во Струмица. Според информациите, момчињата од Радовиш со двајца нивни другари биле осомничени за кражба кај браната Мантово, радовишко и бегале од полицијата со возило „опел фронтера“ со словенечки регистарски ознаки.

При обидот да биде приведен, момчето од Радовиш наводно го нападнал полицаецот кој испукал еден куршум, што ги погодил двете момчиња, едното во градниот кош, а другото во нога.

На местото на инцидентот излегол јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот е вклучена и внатрешната контрола на МВР која ја испитува постапката на полициските службеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…