Поклон од пријател му била: 25 години си кршел ореви со неексплодирана граната


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако некој некогаш ви спомене „измамување на смртта“, сетете се на овој случај. Еден Кинез цели 25 години си играл играчки со смртта, ама буквално, бидејќи редовно си кршел ореви со неексплодирана рачна граната која ја добил на подарок од негов пријател.

Жител на селото Анканг, во кинеската провинција Шаанџи, користел неексплодирана рачна граната како алат, бидејќи не знаел за што служи и за што всушност станува збор.

Меѓутоа, од полицијата неодамна добил леток со кој жителите се предупредувале дека нелегалното поседување оружје и експлозивни средства е казниво, па конечно сфатил за што всушност служи неговиот „алат“.

Откако ја предал на полицијата, истата била сместена на безбедно место.