Home Вебкафе Погледнете како го пречекаа Надал во соблекувалната по освојувањето на Ролан Гарос

Погледнете како го пречекаа Надал во соблекувалната по освојувањето на Ролан Гарос

Откако ја освои својата 12. титула на престижниот тениски турнир Ролан Гарос, славниот шпански тениски ас Рафа Надал беше пречекан со овации и „тунел за поздравување“ од неговите помлади обожавателки.

Девојките го пречекаа со „жив тунел“ низ кој тој помина поздравувајќи се со сите нив додека тие го поздравуваа со овации.

Со победата на овогодинешното издание на мастерсот во Франција, Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е непобедлив на земјен терен и ја освои 12-та титула во Париз, откако во финалето славеше над Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1.

„Кралот на земјата“ одлично го отвори мечот, иако Тим прв дојде до брејк. Надал потоа возврати со два брејка и го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет двајцата тенисери лесно доаѓаа до гемови, но Тим ја искористи шансата за брејк на 5:5 и израмни на 1:1.

Во следните два сета Надал наметна свој ритам кој Тим не можеше да го следи и рутински ги освои за вкупни 3:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…