Home Спорт Погба експресно го напушта Јувентус?

Погба експресно го напушта Јувентус?

Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус во „бомбастичен“ трансфер и требаше да биде големо засилување за „Старата дама“.

Меѓутоа, Французинот се повреди пред почетокот на сезоната и се врати на терените на почетокот од овој месец.

Притоа, Погба не е во добри односи со тренерот Алегри кој пред неколку дена го исфрли од тимот поради недисциплина.

Поради тоа „Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус сака на лето да се ослободи од Погба и од неговата висока плата.

Најсилен интерес за него покажува ПСЖ, кој е спремен да ризикува и да го донесе во своите редови и покрај слабата сезона.

Наводно Јувентус е спремен да го пушти за симболична сума, а ПСЖ веќе почнал преговори со неговиот агент.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…