Поезија за душа: „ОТПОР“ – 98 години од раѓањето на Блаже Конески


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради силниот збор, макар на непризнат јазик,
сè уште одбирам звуци на македонската лира.
Тоа е мојот штит, рамен на вашата сила,
силници! Зашто гробот со сите и вас ве збира.

Спокојство глумам пред вас дури созвучја барам
или тајновито име негде во нашиот предел.
Тоа е мојот облог во морничавата игра,
тоа е мојата умисла упорно што сум ја следел.

Фото: Заклучената куќа од Блаже Конески во с. Небрегово (Александар Еленин)