Почнува судскиот процес за убиството на навивачот Никола Саздовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес во скопска „Единица“ е закажано првото судско рочиште за свирепото убиство на Никола Саздовски-Саздо.

Судскиот процес во Основен суд 1 ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски. На обвинителна клупа ќе седнат веќе притворените Бесир Б. и Скендер Р.

На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски. Убиството се случи на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда.

Саздо беше брутално претепан со удари по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога тој паднал на земја и изгубил свест. Почина по десетина дена на КАРИЛ.

Против третотоосомничениот Јетон Љужа, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка.

„Со оглед на тоа што трето осомничениот сè уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи”, изјавија од Обвинителството.

Убиството на Никола Саздовски предизвика протести и осуда со барања за правда за Саздо.