Home Вебкафе Почна да крева тегови на 14 годни, а денес…еве како изгледа денес

Почна да крева тегови на 14 годни, а денес…еве како изгледа денес

Русинката која најави дека после 18 месеци се враќа во светот на бодибилдингот и кревањето тегови фасцинира, импресионира и шокира со својот изглед, но никако никого не го остава рамнодушен.

Откако освои низа титули, вклучително и онаа европски првак за „bench pres“ и „deadlift“, за секоја од нив постави и по три рекорди, Наталија Кузњецова се повлече од светот на кревањето тегови. Но, после 18 месеци пауза, 26-годишната „Амазонка“ сфати дека не може без спортот и одлучи да се врати на старите патеки, овој пат како бодибилдерка.

Освен што (повторно) ќе се натпреварува, вели дека ќе работи и како тренер за да им помогне и на другите да го реализираат својот потенцијал.

Луѓето дефинитивно ме препознаваат. Атлетското тело се гледа и кога е под облека. Многумина сакаат да се фотографираат со мене. Многумина ме знаат и по име“, гордо кажува Кузњецова.

Вели дека со бодибилдинг почнала да се занимава на 14 години, кога имала нешто помалку од 40 килограми. Кога почнала, сакала само да добие малку на маса, но набрзо се вљубила во кревањето тегови.

Денес е висока 170 см и тежи 90 килограми, но вели дека кревањето во теретана е вистинска радост за неа, па планира да накачи уште некое кило. Тренира по неколку часа секој ден и држи строга диета.

На Инстаграм ја следат речиси 200.000 луѓе. Понекогаш добива и не така пријатни и убави коментари на сметка на нејзиниот изглед, но вели дека тие не ја допираат многу и дека се научила да ги игнорира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Еден прегратка од 20 секунди – мал ритуал што може да го промени расположението, денот, па дури и животот

Во свет кој секојдневно забрзува, каде што емоциите често се туркаат под тепихот на обврск…