По министерствата ќе им ги појачаат платите – со здравје да се трошат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Просечната бруто плата во Владата на Македонија ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, пренесува Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.

Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Највисоки просечни бруто плати 2023
Министерстви за надворешни работи 122.243 денари

Министерстви за внатрешни работи 62.112 денари

Министерстви за финансии 60.685 денари

Министерството за одбрана 55.058 денари

Министерстви за економија 50.600 денари

Министерстви за локална самоуправа 50.214 денари

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Раст на прсечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемуваат и просечната бруто платата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде прсекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари,

Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

Зголемување на пресекот има во следниве институции : Агенција за вработување со просечна бруто-плата од 38.474 денари, за 6.500 денари се зголемува и просекот во Државниот завод за статистика и ќе достигне ниво од 50.902 денари, за 3.500 денари ќе се зголеми бруто платата во Агенцијата за млади и спорт и ќе достигне 46.099 денари, раст за 4.400 денари има и во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде просечната бруто плата ќе изнесува 49.550 денари. За 7.600 денари се зголемува просечната бруто плата во Дирекцијата за слободни економски зони (ТИРЗ) и догодина ќе изнесува 48.900 денари.

Во МАНУ бруто платата догодина незначително се намалува и останува на речиси исто ниво од околу 45.500 денари. Во Советот на јавни обвинители просекот на бруто платата ќе изнесува 92.745 денари што е за 500 денари повеќе во однос на годинава, во Јавното обвинителство пресметана е просечна бруто плата по вработен од 66.749 денари, за 3.600 денари повеќе од оваа година. Во судската власт (основни судови, Апелациски суд, Врховен суд…) просечната бруто плата догодина ќе изнесува 52.401 денари, за 130 денари повеќе во однос на 2022 година.

Просечна бруто плата по вработен 2023

Совет на јавни обвинители 92.745 денари

Јавно обвинителство 66.749 денари

Судска власт 52.401 денари

Народен правобранител 64.205 денари

Позначителен раст на бруто платата по вработен за 8.212 денари е пресметан за вработените во Народниот правобранител која ќе достигне 64 205 денари.