Home Актуелно Платите во земјите од регионов – еве на кое дереџе сме ние

Платите во земјите од регионов – еве на кое дереџе сме ние

Според статистиката за просечни плати во земјите кои беа дел од бивша Југославија, регионов е прилично далеку од европскиот стандард и развиеност.

Радио слободна Европа направии графика која прикажува колкави беа просечните плати во земјите од нашиот регион вo 2018. Меѓутоа, на графичкиот приказ ја нема Словенија.

На листата на прво место е Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија.

На последното место на наведените земји се наоѓа Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е повеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.

Просечната нето плата во август минатата година во Словенија била 1.028 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…