Плаќаат не прашуваат: Русите кои бегаат од мобилизацијата „до небо“ ги кренаа цените на кириите во Белград


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако во Русија, по наредба на претседателот Владимир Путин, беше наредена мобилизација на резервисти и други регрути способни за војување против Украина, Белград е под опсада на бегалци од Москва. Цените на кириите на обичните еднособни и двособни станови преку ноќ скокнаа за 150 евра месечно. Егзодусот на Русите поради мобилизација повторно ги покачува цените на кириите на становите во Белград и пошироко, објави порталот Пари.

Закупнината за еднособен стан до 50 квадрати на почетокот на годината во просек изнесувала околу 300 евра, а денеска поради налетот цената е 450 евра. Поскапеа и кириите за поголеми двособни од 450 на околу 600 евра, а за трособни се бараат околу илјада евра.

Допрва следува голем егзодус

Според досега објавените проценки, во последните неколку дена во Белград и Србија пристигнале меѓу 30.000 и 50.000 Руси. Ако ги погледнеме движењата на побарувачката и цените на авионските билети на релација Москва-Белград, како и фактот дека на тие летови има малку, па и воопшто, слободни места, вистинскиот егзодус допрва следи, пишува Блиц.

Со само еден лет дневно, во Белград би пристигнале околу 4.000 Руси во следните две недели, а тие летови секако ги има повеќе. Според досегашните искуства, меѓу дојденците има најмногу поединци и семејства кои можат да платат, кои се заинтересирани да изнајмуваат станови на атрактивни локации во Белград, а кои се подготвени да платат двојно повеќе за стан од 400 евра, половина година однапред.

Бегалците од Русија, кои традиционално претпочитаат да доаѓаат во српската престолнина каде што нема русофобија како на Запад, најмногу изнајмуваат и купуваат станови и куќи на Дедиње, Врачар, Сењак… На белградските портали моментално се огласуваат околу 500 станови за купување, продавање и издавање недвижен имот, а од подобро опремените (не луксузни) нема ниту еден под 450 евра месечно.

Подебелиот крај си го однесоа домашните кираџии

Не сметајќи ги луксузните кои се издаваат од 1.500 евра и повеќе, најголемиот број на станови се во ценовниот опсег и до 1.000 евра. На пример, стан од 66 квадрати кај Политика кој е комплетно опремен се издава за 800 евра месечно.

На Дедиње становите се издаваат за 3.000 евра месечно. Во Сењак се огласува стан од 103 квадрати за издавање по цена од 1.600 евра. Во Врачар моментално се издава стан од 130 квадрати по цена од 1.300 евра.

Една од агенциите за трговија и изнајмување недвижности посочува дека пред неколку месеци добиле барања од граѓани на Руската Федерација заинтересирани да изнајмат куќа во Врачар со површина од 650 квадратни метри, со паркинг простор, за што киријата изнесуваше 10.000 евра месечно.

Исто така, до сега имаше интерес кај руските иселеници за недвижнини во Нов Белград, поточно за новоизградените комплекси каде цените се движат од 600 евра и повеќе месечно за стан од околу 40 квадрати.

Доста голем број станоиздавачи и оние кои рекламираа недвижен имот на продажба решија максимално да го искористат доаѓањето на Русите и да заработат. Некои сопственици драстично ја зголемија цената за сегашните станари под закана дека ќе ги иселат и ќе доведат Руси и Украинци кои се подготвени да платат, за локалното население, непристојно висока цена.