Home Актуелно Питер Фејт: Националистите во Македонија си играат со оган

Питер Фејт: Националистите во Македонија си играат со оган

Националистите во Македонија си играат со „оган”, преку одбивањето да предадат власта, изјави Питер Фејт – посредник во преговорите за потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година.

Во интервјуто за „Ројтерс”, тој истакна уште дека Европската унија треба да го разгледа запирање на процесот на пристапување, за да се надмине опасниот ќорсокак во земјата. Пред агенцијата холандскиот дипломат изрази загриженост и за ризикот од понатамошна ескалација, која ќе ја доведе поранешната југословенска република до „бездната на граѓанската војна” во случајов да ЕУ одлучи да биде неактивна.

Во моментов, Питер Фејт е виш дипломатски советник во Европскиот институт за мир, кој ги поддржува напорите на ЕУ во областа на медијацијата и решавање на конфликти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…