Home Спорт Пирло откри кој може да го симне Јувентус од тронот!

Пирло откри кој може да го симне Јувентус од тронот!

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло тврди дека Интер во овој момент е единствениот тим кој може да го симне Јувентус од тронот.

Пирло тврди дека тимот на Антонио Конте моментално е најспремен за борба за Скудетото со „старата дама“.

„Во овој момент Интер е најспремен тим кој може да му париера на Јувентус во борбата за Скудетото“, тврди Пирло.

Пирло има настапувано за двата италијански гиганти, иако во Интер не се задртжа многу од каде направи трансфер во Милан и таму ги одигра најдобрите денови од кариерата,

Потоа се пресели во Јувентус каде соработуваше со Антонио Конте и одлично ги познава квалитетите на италијанскиот тренер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…