Пике го обвини раководството за слабиот старт на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа го победи Виљареал на „Камп Ноу“, но генерално има слаб старт на сзоната, бидејќи по шест одиграни кола има 10 бода и се наоѓа на 4-то место на табелата.

Дефанзивецот Жерард Пике индиректно го обвини раководството за слабиот старт на сезоната. Тој смета турнеите и патувањата во претсезоната на му помогнале на тимот добро да се припреми.

„Подготовките не ни помогнаа. Многу патувавме, а имавме малку тренинзи, но ние сме Барселона и не смееме да имаме изговори. Мора да победуваме и денешниот резултат беше многу добар. Важно беше да победиме за да не ни побегнат водечките тимови. Денес најважно е што зедовме три бода“, изјави Пике.

Барса беше на турнеја низ Азија, потоа се врати дома за Гампер купот и на една недела пред почетокот на сезоната замина во САД каде играше два натпревара со Наполи.