Петочна временска прогноза – еве какво време носи крајот на октомври


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претпоследниот октомвриски ден во Македонија времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 21 степен: Скопје и Битола 16, Маврово 11, Охрид 15, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 19, Дојран 21.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните и североисточните делови ќе биде значителна облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе бидат од 10 до 22 Целзиусови степени.