Петочна временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, петок, 15. септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 22 до 32 Целзиусови степени.