Петочна временска прогноза


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Денешното петочно претпладне во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид 26, Битола 29, Крива Паланка 25, Берово 26, Кавадарци 31, Дојран 33.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степен.