Столтенберг порача: Руската агресија не принудува и ние да ја смениме „играта“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првиот човек на НАТО, Генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека „руската агресија ја менува играта“ и дека воениот пакт ќе ги засили воздушната, поморската и сајбер одбраната, како и дека ќе користи повеќе технолошки софистицирани трупи на териториите на земјите членки.

Столтенберг навести дека во иднина НАТО трупите ќе бидат задолжени за директна одбрана на одредени земји, и нема да бидат на општа должност како до сега, што треба да им овозможи побрзо да реагираат.

Повтори дека НАТО е „посветен на тоа да обезбеди сè што е потребно за зачувување на правото на Украина на самоодбрана“ и најави дека Алијансата ќе распореди повеќе трупи на своето источно крило.

Зборувајќи во Брисел, генералниот секретар на НАТО ја осуди „безмилосната војна на исцрпување против Украина која ја води Русија“ и додаде дека западниот воен пакт планира сеопфатен пакет за помош на Украина за таа да може да премине од оружјето од советската ера на оружјето на НАТО.

Одговарајќи на прашањето за изјавата на папата Франциско дека војната во Украина е „можеби некако предизвикана“, Столтенберг кажа дека НАТО е одбранбен сојуз и дека „за оваа брутална агресија се одговорни (рускиот претседател Владимир) Путин и Москва“.