Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска, петок, 9. септември, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд.

Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 29, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 28, Кавадарци и Дојран 31.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Од пладневните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд проследен со грмежи. Дневните температури ќе се движат од 24 до 31 степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…