Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска, петок, 24. декември, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 3 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид и Битола 6, Крива Паланка 4, Берово 5, Кавадарци 6, Дојран 10.

Утре наутро ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, позначителна во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…