Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот ноемвриски петок во Македонија носи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 18, Охрид и Битола 22, Крива Паланка, Берово и Кавадарци 21, Дојран 24.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите.