Home Актуелно Петочна и викенд декемвриска временска прогноза

Петочна и викенд декемвриска временска прогноза

Третиот декемвриски ден во Македонија носи променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 13 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 12, Битола 13, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 15, Дојран 16.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…