Петер Шмајхер горд на својот син: Останав без зборови!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот голман Петер Шмајхел истакна дека е горд на својот син и неговите соиграчи после поразот во пенал рулетот од Хрватска во осминафиналето од Мундијалот.

Неговиот син, Каспер Шмајхел беше херој за Данска откако му одбрани пенал на Лука Модриќ во 117 минута и го спаси тимот од пораз во породолженијата. Сепак, „коцкестите“ беа поуспешни во пенал серијата и се пласираа во четвртфинале.

Петер Шмајхел од трибините навиваше за Данска и неговиот син, а после мечот истакна дека е горд.

„Останав без зборови. Не би можел да бидам повеќе горд од ова, на мојата земја, мојот син, неговите соиграчи, стручниот штаб и нашиот фантастичен селектор Аге Хареиде. Кога солзите ќе се исушат, ќе сфатиме колку бевме добри“, истакна Петер.