Home Спорт Пет клуба може да си го дозволат Погба, а тој сака трансфер во…

Пет клуба може да си го дозволат Погба, а тој сака трансфер во…

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“ и јасно е дека на лето ќе го напушти клубот.

Погба пред себе има неколку варијанти каде да ја продолжи кариерата, но негова најголема желба е да се врати во Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Се смета дека само пет клуба можат да си го дозволат Погба, а тоа се Манчестер Сити, ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Меѓутоа, Французинот никогаш не би се преселил на „Етихад“, а Германија и Франција не се посакувани дестинации.

Барселона и Реал Мадрид пак полека се откажуваат од Погба и се насочуваат кон други фудбалери, па единствената опција за него е враќање во редовите на Јувентус.

Јувентус е во постојан контакт со неговиот менаџер Мино Раиола, па „бјанконерите“ ќе направат се за да го вратат во Торино во летниот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…