Home Актуелно Персонал на Детска клиника заразени од коронавирус од мајка на дете која немала симптоми

Персонал на Детска клиника заразени од коронавирус од мајка на дете која немала симптоми

Лаборанти и медицинска сестра скопската Клиниката за детски болести и докторка од имунолошкото одделение биле заразени со коронавирус од мајка на дете која немала симптоми на болеста, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека сега состојбата на клиниката е стабилна и нема нови позитивни случаи меѓу персоналот.

„Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од одделот за имунологија. Според анкетите на епидемиолозите претпоставен контакт е мајка на дете што требало да се прими за терапија на хематоонкологија. По протоколот на Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска“, рече министерот Филипче.

Направен е увид на целата Клиника, направено е чистење, а министерот рече и дека се степенувани за ризик сите контакти со заразените.

„Работата е организирана во тимови и целата Клиника, сите одделенија функционираат нормално. Суспектните пациенти, според нашиот договор уште пред неколку месеци, се упатуваат во болницата во Козле, но доколку треба да влезат на Клиниката за нив има посебен дел и соодветен пристап“, истакна министерот.

За заразениот лаборант на Детската клиника во Скопје министерот јави минатиот вторник, а во петокот извести и за медицинската сестра по што беше најавено тестирање и на персоналот на пациентите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…