Home Спорт Пеп доби африканска клетва – никогаш повеќе нема да ја освоиш ЛШ

Пеп доби африканска клетва – никогаш повеќе нема да ја освоиш ЛШ

Контраверзното интервју на Јаја Туре во кое го обвини Пеп Гвардиола дена „не ги сака африканските фудбалери“ покрена хајка против каталонскиот стратег.

Во полемиката се вклучи и Дмитри Селук, менаџерот на Јаја Туре, кој фрли своевидна „африканска клетва“ над Пеп Гвардиола, никогаш повеќе да не ја освои Лигата на шампиони.

„Јаја го познава Гвардиола како никој друг. И покрај големата желба не можеме да кажеме ништо добро за човечките квалитети на Пеп. Во Баерн никогаш не го надмина Јуп, видете дека тој клуб победува и без него. И баба ми во Баерн ќе биде шампион на Германија“, изјави Селук.

„Факт е дека Гвардиола му ја заврши кариерата на Јаја Туре во Сити, а тоа е злосторство. Тоа ќе му се врати како бумеранг. Ќе видите што се африкански шамани. Во Бенфика е Бела Гутам го проколна клубот и од тогаш ги изгубија сите европски финалиња. Гвардиола ќе го собори рекордот по изгубени финалиња, и покрај парите кои му ги дава клубот за трансфери“, заклучи Селук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…